Категории

Холандија претвори 316 автобуски станици во дом за пчелите!

Според статистиката, 358 видови на пчели живеат во Холандија. За жал, повеќе од половина веќе спаѓаат во загрозените видови, а Холандија е свесна колку е важно да се спречи исчезнувањето на пчелите, па токму поради тоа дошле до генијално решение – да постават 316 „зелени“ автобуски постојки, кои имаат покрив од цветни растенија, седишта од бамбус и ЛЕД-осветлување во холандскиот град Утрехт.

Неодамна, советот во Утрехт видел одлична можност за проширување на функцијата на обичните автобуски станици, создавајќи една благородна намена: Да се стави крај на растечката загрозеност на видовите пчели. Утрехт е четвртиот најголем град во Холандија, лоциран во централното подрачје на државата.