Категории

ХРАНА КОЈА ЛОШО ВЛИЈАЕ НА РАЗВОЈОТ НА МОЗОКОТ НА БЕБЕТО

Правилната исхрана во бременоста е од голема важност за здравјето на идната мајка, но и за правилен развој на бебето во стомакот. За мозокот на бебето правилно да се развива потребно е бремената жена да внесува здрави намирници во организмот, но и да избегнува храна која може штетно да влијае на овој процес.

Ниско ниво на хранливи материи

Исцрпувањето на резервирате на која било хранлива состојка во организмот на идната мајка често е предизвикано од недоволно внесување на истата, било да е како последица на лоша, нездрава исхрана или неухранетост. Поради тоа ворамнотежената, здрава исхрана има големо значење, и тоа не само во текот на бременоста, туку и кога целите кон зачнување.

Некои лекови исто така можат да ја пореметат рамнотежата на хранливи состојки во телото: на пример кај бремените жени кои страдаат од болести на бубрезите и црниот дроб. Тоа се однесува и на жените кои редовно конзумирале алкохол во пред бременоста, како и оние кои се особено склони кој недостаток на фолна киселина и колин.

Недостатокот на фолна киселини може да доведе до неправилен развој на невралната туба, ткивото од кое се развиваат мозокот и ‘рбетниот мозок. Недостатокот, пак, на витамин Д се поврзува со слаб раст на бебето и појава на астма. Според Институтот за детско здравје и истражување Телетон, децата родени од мајки со ниски нивоа на витамин Д имаат два пати поголеми шанси за појава за проблеми со јазикот при тргнување во училиште.

Контаминирана храна

Контаминирана храна, која не е „сигурна“, може да му наштети на развојот на вашето бебе. Затоа важно е намирниците кои ги конзумирате да бидат убаво исчистени и термички обработени. Токсоплазмоза, болест предизвикана од паразит кој може да се најде во недоволно печеното или готвено месо, може да има потенцијално лоши последици по бебето, кои вклучуваат слепило, губење на слухот, и во ретки случаи ментална ретардација. За да го стречите тоа убаво мијте ги рацете пред и по подготовката на храната, како и даските за сечење и ножевите, убаво сварете или печењето го месото (во рестораните не нарачувајте слабо или средно печено месо), „прескокнете“ ги колачите и преливите за салати кои содржат сирови јајца.

Алкохол

Држете се понастрана од алкохолот, бидејќи многу негативно влијае на развојот на мозокот на фетусот, дури и ако се храните здраво. Иако феталниот алкохолен синдром обично се поврзува со редовно конзумирање алкохол во текот на бременоста, и тоа во поголеми количини, докажано е дека и умереното количество на алкохол може да доведе до оштетување на мозкот кај бебето. Таквите оштетувања можат да предизвикаат проблеми со памтење, внимание и учење.

Прејадување

Качувањето на многу килограми во текот на бременоста може да ја зголеми можноста за предвремено породување, кое се смета за една од причините за ризик од ментално оштетување на плодот. Бебињата родени пред терминот се изложени на разни влијаенија, од кои обично се заштитени во матката, и чувствителни се кога станува збор за инфекции. Овие деца можат да бидат во неповолна положба кога ќе дојде време за учење, бидејќи постојат теории кои тврдат дека постои поврзаност помеѓу тежината при раѓање, коефициентот на интелигенција и училишниот успех.

Прегледи:
800
Објавено на:
04.03.2016