Нејзиното височество зачекори на црвениот килим во Венеција.
Популарната турска актерка Мерием Узерли, позната по улогата на Хурем Султан во мегапопуларната серија „Сулејман Величенствениот“ беше почесен гостин на филмскиот фестивал во Венеција каде засени со својот изглед. Актерката се појави како вистинска султанка облечена во раскошни тоалети од познатиот дизајнер Тони Вард.
Колекцијата тоалети која беше инспирирана од самата серија, дизајнерот ја именуваше како “Harem al Sultan”, а не постоеше подобар избор од тоа да ја носи вистинската султанка. Со круна на главата, Мерием го освои вниманието и ги магепса сите присутни.