Со стареењето старее и косата која почнува да белее. Индивидуално е на која возраст ќе се појават првите бели влакна и кога косата ќе почне да станува седа. На тоа влијаат многубројни фактори.
Многу луѓе се обидуваат да ги прикријат белите влакна со бојадисување на косата, но и седата коса може да биде секси. Кај овие жени косата побелела во различни животни доба, но тие со гордост ја носат не обидувајќи се да ја прикријат.