Категории

Имаш право да бидеш она што си, да имаш слабости и да ги искажеш своите чувства!

Имаш право на солзи, имаш право на слабости, имаш право да бидеш чувствителен.

Имаш право ставиш крај на сето она кое те повредува, имаш право да го заштитиш своето срце и да кажеш „Не“ на сите оние кои ти нанесуваат болка. Имаш право да застаниш за себеси, за неправдата.. Но немаш право да паднеш во самосожалување, затоа што тоа е бездна од која нема извлекување.

Имаш право да се двоумиш и да си неодлучен, твојот глас да трепери и да го послушаш срцето наместо разумот. Имаш право другите да те прифатат онаков каков што си, а ако не го направат тоа, тоа не е воопшто твој проблем, немаш право поради нив да почнеш да се сомневаш во себеси.

Имаш право на промена и нов почеток. Имаш право да ја промениш насоката на твојот живот кога и да посакаш, кога и да почувствуват дека не припаѓаш на местото на кое се наоѓаш. Имаш право да го пронајдеш своето место под сонцето, некаде каде што ќе бидеш слободен и ќе можеш да растиш. Имаш право да бидеш човек со слабости, да плачеш кога ти се плаче, да им се препуштиш на чувствата, да ги искажеш кога те преплавуваат. Имаш право да чувствуваш се што чувствуваш и не смееш да се срамиш поради тоа.

Немаш право да бидеш помалку свој од она што си, и никој нема право да те тера да бидеш она што не си.

Прегледи:
544
Објавено на:
09.06.2020