Категории

Инстант лек: Напиток од КУРКУМА за болки во грлото

Куркумата се користи со векови во традиционалната ориентална медицина. Активното соединение на куркумата, куркумин, има моќни антибактериски, антивирусни, антигабични и антиинфламаторни својства. Затоа, куркумата е ефикасна во лекувањето на болки во грлото предизвикани од настинки, спречува инфекции, ја ублажува болката, ја подобрува состојбата на кожата..

Куркумата може да се користи на многу начини за ублажување на болки во грлото, на пример како средство за плакнење или како медицински чај кој исто така ја ублажува кашлицата.

За лакнење на грлото

Состојки:

  • ½ лажичка органска куркума во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 чаша топла вода

Подготовка:
Додадете куркума и сол во чаша топла вода. Добро промешајте и исплакнете го грлото со овој раствор наутро, со лесно жуборење.

Чај за ублажување на болки во грлото

Состојки:

  • ½ лажица органска куркума во прав
  • 1 лажица мед
  • ½ лажичка сок од лимон, свежо исцеден
  • 2 чаши вода

Подготовка:

Ставете вода во тенџере. Кога ќе почне да врие, додадете куркума во прав и добро измешајте. Гответе уште 4-5 минути пред да ја исклучите ринглата. Оставете го напитокот малку да се излади, па процедете го, истурете го во шолја и додека е уште топол додадете сок од лимон и мед. Пијте чај 2-3 пати на ден во тек на 3 дена.

Прегледи:
634
Објавено на:
09.02.2022