Селена Гомез, Кендал Џенер, Бела Хадид, Елен Деџенерис, Криси Тиген и многу други селебрити личности споделија на своите Инстаграм профили како го поминуваат времето во самоизолација.
Доколку мислите дека животот на познатите е многу поразличен од вашиот во овие денови тоа не е воопшто така. Како и сите нас, и тие седат во своите домови, читаат, готват, спијат, чистат..
Со цел да се подигне свеста за време на пандемијата, многу е важно да останеме совесни и да ги следиме советите да се грижиме за нашата хигиена и да останеме дома. Еве како познатите го поминуваат своето време во карантин.