Категории

Интересни факти кои не сте ги знаеле за Саудиска Арабија

Кралство Саудиска Арабија е најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Со своите строги религиозни закони и огромната површина пустински делови,  Саудиска Арабија отсекогаш предизвикувало љубопитност кај остатокот од светот.

Оваа земја се карактеризира со многу интересни факти. Некои од нив се следниве.

Саудиска Арабија е најголемата држава во светот без река.

Според смртноста во сообраќајот, таа е најопасна држава за возење заедно со Малезија, Тајланд и Јужна Африка.

Пазарот за камили Riyadh е еден од најголемите во светот и се продаваат и по 100 камили на ден.

Првите кафулиња биле отворени во средината на 15-тиот век во Мека. Според строгите закони на Исламот кафето е забрането бидејќи е стимуланс, но многумина таму го консумираат. Како замена дури џвакаат и зрна кафе додека се во џамија.

15 од 19-те обвинети за терористичкиот напад на 11 септември во Америка се од Саудиска Арабија.

Свадбените прослави за мажите и жените се одржуваат посебно. Но, во одреден миг на свеченоста младоженецот и невестата се спојуваат.

 Таа е е меѓу последните монархии на светот и семејството Ал Сауд што владее со неа е на власт од 1932 година.

Кралот на Саудиска Арабија е 8-миот најмоќен човек на светот според магазинот Forbes.

Имигрантите сочинуваат повеќе од 30 проценти од населението на Саудиска Арабија.

 Месото од бебето камила е најценето.

Тие што не се муслимани немаат право на државјанство.

Саудиска Арабија е центар на Исламот и таму се неговите најсвети места Мека и Медина.

Повеќе од 95 проценти од површината на земјата е пустина или предели со полу-сушни услови. Таму се наоѓа и најголемата пустина на светот Ал Нафуд.

Прегледи:
928
Објавено на:
03.02.2018