Категории

Интересни факти за пилатесот кои ќе ве убедат да почнете да вежбате!

Пилатесот е дисциплина која е сѐ повеќе прифатена во светот и кај нас. Но, за да не дојде до заблуди, потребно е секој од нас да ги знае овие интересни факти за пилатесот.

1. Пилатесот е систем на физичка подготвеност – не е дериват на јога

Многу често среќаваме погрешни толкувања за Пилатесот. Доколку не сте знаеле, Пилатесот не е форма на јога. Тоа е систем сам по себе развиен од Џозеф Пилатес. Тој успеа да докаже дека и психичкото и физичкото здравје се меѓусебно поврзани со Пилатесот. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

2. Пилатесот е нецелосен без методите и реквизитите

Поентата на Пилатесот е да го постигнете вистинскиот метод при вежбањето. Пилатесот и душеците одат рака под рака. Традиционално, во минатото се употребувале столици и маси. Во современата верзија на Пилатесот се употребуваат најразлични реквизити помеѓу кои и ролери, топки за вежбање, ротирачки дискови и ленти за отпорност. Но, имајте в предвид дека душекот е вашиот најдобар пријател додека вежбате Пилатес. Професионалниот тим на PowerHouse Pilates ќе ве воведе во сите техники заедно со потребните реквизити за постигнување на најдобри резултати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

3. Пилатесот бара максимална концентрација

Доколку мислевте дека Пилатесот се основа само врз движење на екстремитетите во различни правци, се лажете. Пилатесот подразбира прецизни движења и бара многу концентрација. Пилатесот се заснова врз верувањето дека „начинот на кој се прават вежбите е поважен од самите вежби“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

4. „Контрологија“ е второто име на Пилатесот

Кога Џозеф Пилатес работле на развојот на Пилатесот како систем на физичка подготвеност, тој исто така го нарекол „Контрологија“. Можете ли да претпоставите зошто? Бидејќи верувал дека секој што вежба Пилатес, треба да има постојана контрола врз секое движење. Кои се придобивките? Експертите велат дека тоа резултира во засилена мускулна контрола на грбот, екстремитетите и стомачните мускули. Секако, за да ги почувствувате резултатите на своја кожа, потребен е тим кој ќе се погрижи да вежбате правилно и да имате контрола врз секое движење. PowerHouse Pilates е вистинскиот избор за вас. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

5. Дишењето е клучот

Не зборуваме само за „дишење“. Пилатесот вклучува бавно движење и серија вежби при кои се внимава на соодветни техники на дишење. Големо количество на стрес се издишува додека вежбате Пилатес. Било која форма на Пилатес нема да биде целосна без свесно вдишување и издишување.

6. Квалитетот е поважен од квантитетот

Ако сте некој кој сака да направи сè на вистински начин, Пилатес е дефинитивно за вас. Почнувајќи од држењето на телото, дишењето, движењето, бројот на повторувања и количината на потрошена енергија – сè треба да се направи на прецизен начин. Токму затоа е особено важно да ги научите овие вештини со квалификуваните инструктори во PowerHouse Pilates.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

7. Пилатес е за сите

Постои една заблуда дека Пилатесот е само за жени. Всушност, Пилатесот е создаден од маж и одговара на потребите на почетниците, професионалните спортисти, при рехабилитација и експертите.

 

View this post on Instagram

 

#fusionstyle #graciouslymade #powerfullgirls #instacute

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

8. Пилатес го предизвикува вашето тело

Ова е најдобрата предност при вежбање Пилатес. Дали сте навикнати да го насочите вашиот ум на екстремна контрола, концентрација и фокус? А на врвот се наоѓа напорното физичко вежбање. Имате совршена комбинација на ум и материја работејќи кон целта. Супер предизвик! Од подобрена флексибилност до подобро држење на телото, од засилена мускулна сила до стабилизирање на ‘рбетот и од рехабилитација до превенција на повреди – Пилатесот им помага на сите. Дури и ако сте супер жена која секогаш трча низ градот и напорно работи, има семејство и деца, сепак може да одвоите време за пилатес  2-3 пати неделно. 

Изберете искуство, традиција и квалитет, изберете ги најдобрите – PowerHouse Pilates ќе ви помогне да се вљубите во пилатесот и тој да прерасне во ваша најголема пасија.

Прегледи:
799
Објавено на:
05.03.2020