Категории

Интересни начини како да носите боб фризура

Заборавете ги класичниот боб и испробајте ги новите трендови кои ни наложуваат да ја сушиме и обликуваме косата на природен начини за фризурата да делува понежно. Верувајте резултатите се фантастични.

Ако сте фан на блага асиметрија или рамни шишки, сигурни сме дека во продолжение ќе ја пронајдете инспирацијата.

1. Неуреден боб

Рамната и мазна коса може да делува по малку здодевно, па дури и кога оваа фризура е во прашање.
Затоа косата сушете ја природно за да изгледа како да сте заспале со мокра коса.

2. Боб со рамни и кратки шишки

Кратка варијанта на боб со рамни и кратки шишки е класика која изгледа одлично особено ако имате тенка коса бидејќи токму оваа фризура ќе ви даде волумен и густина.

q2

 3. Долг боб

Спротивно на претходната фризура оваа варијанта на боб многумина ја нарекуваат лоб. Со самото тоа шишките се длабоки и долги како и останатиот дел од косата. Фризерите советуваат долгиот боб да го сушиме природно за да го задржи природниот облик.

q3

 4. Боб со локни

Ако имате природно виткана коса, веројатно мислите дека оваа фризура нема да ви одговара. Но се лажете. Таа може да изгледа прекрасно ако ја стилизирате добро. Клучно е да користите пена за вашите локни да изгледаат мазно и сјајно.

q4

 5. Многу краток боб

И оваа фризура е идеална за дамите со тенка коса. Плус го отвора лицето и ги истакнува неговите карактеристики.

q5

Прегледи:
1943
Објавено на:
30.08.2016