Категории

Интернетот е опседнат со оваа 10 годишна диџејка од Гана, која има неверојатна енергија

Запознајте ја DJ Switch која има 10 години и доаѓа од Гана, а интернетот е веќе опседнат со неа.

Таа е талентирана, но има и неверојатна енегија. Се прашувате како се сетила да се крсти себе си  DJ Switch?  „I switch up peoples happiness.“ вели во интервју за BBC.

Иако ја сака музиката, нејзин сон е да стане гинеколог, бидејќи сака да им помага на жените, а ако се уште не ви е јасно зошто го освои интернетот, погледнете го нејзиното интервју.

Млада и паметна, вели дека започнала со диџејство кога имала 9 години, а лесно и оди учењето. Во школо учи танц и инструменти, а има и една авторска песна со нејзината мајка.

Нејзиното вистинско име е Erica Armah Bra-Bulu Tandoh и таа е најмладиот диџеј кој освоил награда на годишните музички награди во Гана.

 

Прегледи:
512
Објавено на:
03.07.2018