Категории

Исчистете го лицето на овој начин и избегнете ја појавата на акни и брчки

Покрај стискањето на акните и спиење со шминка, неадекватното миење и чистење на кожата е еден од главните причини зошто вашата кожа на лицето е оштетена, испукана, опуштена и полна со бори.

Го прескокнувате воведното чистење

Можеби мислите дека марамчињата за бришење шминка се доволни и дека со тоа може да го завршите денот, но на тој начин се ослободувате од нечистотијата на површината на кожата, без да ја исчистите целата кожа. Најдобар начин е шминката да ја вадите со балсам на база на масло, така што ќе го нанесете и ќе ја измасирате кожата со прстите, а тој е во состојба да ја исчисти дури и водоотпорната шминка без гребење. Потоа измијте го лицето со вода.

Премногу често го миете лицето

Миењето на лицето еднаш до два пати дневно е во ред, бидејќи почестото миење може да ја иритира кожата и да доведе до произведување на себум. Ако не носите шминка, крема за заштита од сонце или многу се потите, тогаш миењето со вода ви е сосема доволно.

Користите вода со погрешна температура

Мит е дека топлата вода ги отвора порите, а ладната ги затвора. Вистина е дека порите немаат мускули поради кои се отвораат и затвораат. Иако топлата вода му одговара на вашето лице, сепак може да ја поремети природата на кожата и да доведе до сушење или уште поголемо мастење. Водата со собна температура е сосема во ред за миење лице.

Премногу користите средства за пилинг

Премногу пилинг може да доведе до дехидрација и воспаление. Користете пилинг само еднаш до два пати неделно. Користете меки четки и благо притискајте ја кожата.

Го триете лицето со пешкирот

Тапкајте со пешкирот по кожата, но никако не го тријте лицето. Тоа може да доведе до опаѓање на тонусот и иритација. Не користете било каков пешкир, туку имајте еден посебен кој ќе ви служи само за лице бидејќи на тој начин ќе го спречите ширењето на бактерии.

Прегледи:
774
Објавено на:
25.09.2018