Категории

Исхраната со многу месо и малку јаглехидрати го скратува животот

Луѓето во средни години кои половина од дневните калории во организмот ги внесуваат преку јаглехидратите живеат неколку години подолго од оние чија прехрана се темели на месните производи.

На човековото тело без сомнение му требаат јаглехидрати бидејќи тие се главен извор на енергија и го спречуваат развивањето на бројни болести. Во однос на ова, за нормална функција на организмот најважен е балансот, што значи дека во прехраната треба да бидат застапени сите групи на намирници.

Треба да се напомене и дека не се сите јаглехидрати исти – едноставните јаглехидрати од рафинираните и преработени намирници резултираат со опасности како дијабетес, срцеви проблеми, па дури и развој на карцином. Но, ако се консумираат од вистинкиот извор, тие стануваат дел од балансираниот и нискокалоричен начин на исхрана.

Студија во времетраење од 25 години спроведена на 15.400 Американци

Околку 15.400 Американци кои учествувале во истражување го пополниле прашалникот за своите прехрамбени навики, видовите на намирници и големината на порциите, а на основа на тој прашалник научниците процениле колку калории внесуваат во организмот од јаглехидрати, масти и протеини.

Дошле до заклучок дека личностите кои од 50 до 55% од енергијата во организмот ја внесувале преку јаглехидрати имаат малку подобри шанси за подолг живот од оние кај кои тие вредности биле ниски.

 

Замена на месото со авокадо, јаткасти и зрнести плодови 

Замената на месото во исхраната со масти од билки, како авокадо и јаткасти плодови, протеини како соја и зрнести плодови, го намалува ризикот од прерана смрт. Авторите на оваа студија сметаат дека честа последица на ограничувањето на внесувањето на јаглехидрати, овошје и зеленчук се диетите кои форсираат внесување на масти и производи од животинско потекло, а тоа е најчесто поврзано со разни воспаленија и стареење на организмот.

 

Прегледи:
587
Објавено на:
27.08.2018