Категории

Исповед на медицинска сестра во Рим – „Скафандер натопен со пот, три пара ракавици и тишина која вришти“

Медицинска сестра од болницата Гемели во Рим сподели како изгледа еден вообичаен ден во борбата против смртоносниот вирус

За Лусија Дарио, медицинската сестра која се грижи за пациентите заболени од Covid-19 во болницата Гемели во Рим, емоционалната страна на оваа епидемија е особено исцрпувачка.
„Да, оделото за цело тело станува облеано со пот и носењето на три пара ракавици едни преку други е неопходна заштита од вирусот а те прави неспретен.“, изјавува таа но како што гласи во нејзината исповед, она што и е најтешко од се е чувството што не може да направи ништо повеќе.

„Во текот на првите денови од италијанската криза, ја завршував својата смена, ќе влезев во својот автомобил и плачев. Се чувствував бескорисно.
Собите за изолација се како бункер. Тоа е место на паралелната реалност“,  зборува таа опишувајќи ја морничавата атмосфера на одделението како „тишина која вришти“

Лусија и нејзините колеги се единствените контакти на тие луѓе кои лежат во тие соби.
„Ги прашуваме што им треба, речиси сите кажуваат дека не им треба ништо, но поголемиот дел од случаите бараат вода“, вели таа.
„Некои ги затвораат очите и така сигнализираат дека повторно ќе се сретнат, без маски.“

Сподели дека навечер ги слуша како плачат, кашлаат и се молат.
„Некои го вклучуваат телевизорот и го појачуваат гласот, за да ги запрат своите мисли“, вели медицинската сестра.

Една пациентка која неодамна почина, ја замолила Лусија да и ги прочита последните обреди.
„Секако, не сме свештеници, но се обидуваме да дадеме се од себе.“

Се молела заедно со старата жена која подоцна починала, сама и далеку од семејството. А Лусија само отишла во својата кола и плачела. Била тажна што не можела да направи ништо повеќе.

Прегледи:
503
Објавено на:
12.04.2020