Распуканите раце и тврдите петици се резултат на сувата кожа која не добива правилна хидратација и нега. Покрај тоа, во зимскиот период, овој проблем се зголемува уште повеќе. Ефикасен и многу едноставен, парафинскиот третман е темел за регенерација и нега на рацете и нозете.
Нашите прсти и раце дневно прават преку илјада движења. Без разлика дали станува збор за микро-движења или големи работни акции, на уморните раце и нозе на крајот од денот им е потребен темелен одмор, а од време на време и целосен третман за нега. Притоа, не мислиме само на маникир и разубавување на ноктите, туку првенствено нега на рацете.
Во топлата и релаксирачка купка се отвораат порите, па кожата на тој начин лесно ги впива благотворните состојки од парафинот, ја поттикнува циркулацијата и успешно делува против реуматските и артитични болки. Парафинските купки наменети се за интензивна нега, влажнењем стимулација и длабинско чистење на рацете и стапалата. Посебно им се препорачуваат на личностите со сува и уморна кожа и оние кои се во контакт со хемикалии и вода. Поради сите благодети кои ги носи овој третман со себе, студиото за убавина La Sensa ви овозможува да уживате во беспрекорната нега на вашите раце и стапала преку парафинскиот третман.
Освен тоа, да не заборавиме, многу мажи изјавуваат дека на жените најпрво ги забележуваат рацете. Тие се покрај очите, усните, косата, деколтето, нозете најчест адут за заведување. Жените со убави и негувани раце имаат посебен шарм и елеганција.
Овој третман е особено популарен и кај познатите холивудски личности кои пред излегувањето на црвениот тепих, како мал ритуал за релаксирање и нега го користат парафинскиот третман. Ефикасна и многу едноставна, парафинската купка стана темел за регенерација и нега на рацете. Во топлата и релаксирачка купка се отвораат порите, а кожата на тој начин лесно ги впива регенерациските и благотворни состојки од парафинот.
Постапката најчесто почнува со пилинг на рацете, по пилингот се става хранлива маска, а потоа рацете се ставаат во загреаниот парафин. На рацете потоа се навлекуваат фротирни ракавици и парафинот под нив се лади околу 15 минути. Додека се лади под ракавиците, парафинот на кожата отпушта активни состојки, делувајќи терапевтски. По третманот, кожата на рацете е неверојатно мазна, мека и видно подмладена.
Парафинскиот третман исто така се спроведува и на стапалата. Всушност, докторите на дијабетичарите им го препорачуваат во склоп со терапијата, која го спречува изумирањето на ткивата на нозете. Нашата стапала се потпора на целото тело и заслужуваат понекогаш да ги размазиме и наградиме со хранлив, здрав и корисен третман. Иако парафинската купка на стапала е всушност естетски третман, има голем успех и при ублажувањето на медицински тегоби како реума или артритис на кои им годи топлината и својствата на парафинот.
Доколку имате проблем со габични инфекции, парафинската купка може да ви помогне и во тоа. Габите не можат да живеат без присутност на храна или кислород, а парафинот успешно ги убива. Стандардната температура на парафинската купка е од 52-56 °C, а ретко која габа преживува на оваа температура.
Закажете го вашиот термин во студиото за убавина La Sensa и уверете се зошто токму парафинскиот третман е ритуал во одржување на негата и здравјето на многумина.