Категории

Истражувањата покажуваат дека кучињата можат да „намирисаат“ лоши луѓе

Интернетот е преполн со анегдоти за луѓе чии кучиња знаеле дека некој е лош човек уште пред тие да дознаат. Дали има вистина во ова? Да, но потребно е поопширно објаснување за оваа теза.

Истражувањата покажуваат дека кучињата ги забележуваат луѓето кои се непријатни и воопшто не се пријателски настроени кон нив.

Постојат неколку објаснувања во врска со ова. Водечката теорија е онаа дека кучињата го користат своето сетило за мирис за да ги почувствуваат хемиските промени во феромоните што луѓето ги испуштаат кога имаат лоши намери. Исклучителното сетило за мирис на кучињата веќе се користи за откривање на шеќерот во крвта, потенцијалните бомби, дрога, па дури и рак, па затоа не треба да биде изненадувачки фактот дека кучињата можат да почувствваат и други хемиски промени во човечкото тело.

Кога една личност има агресивно однесување, настануваат промени во мозкот на човекот на начин кој кучињата можат да го почувствуваат, наведувајќи ги да реагираат на потенцијалната закана уштее пред да настане. За жал, ова не е случај со психопатите. Тие чувствуваат само неколку емоции, па нивните промени во мозокот не можат да се забележат и да ги предупредат кучињата за нивните лоши намери.

Другата теорија ја објаснува поврзаноста на кучињата со луѓето, и посочува на тоа дека тие всушност ја земаат в предвид несигурноста на човекот и само ја рефлектираат сопствената вознемиреност за ситуацијата.

И третата можност вели дека и кучињата и луѓето имаат шесто сетило или интуиција за одредени ситуации, но луѓето честопати го игнорираат тоа додека кучињата никогаш не ја игнорираат својата интуиција.

Прегледи:
676
Објавено на:
16.07.2019