Доколку сакате да го зајакнете вашиот антицелулитен режим, предлагаме да го додадете овој пилинг во вашата рутина кој лесно можете да го направите во вашиот дом.
Против целулитот се бориме цела година, но во лето најмногу ни паѓа во очи. Најдобрата и најбрзата формула за ослободување од целулитот е здравата исхрана, физичката активност, внесувањето на вода и козметичките препарати.
Доколку сакате да го зајакнете вашиот антицелулитен режим, предлагаме да го додадете овој пилинг во вашата рутина кој лесно можете да го направите во вашиот дом.
Потребни состојки:
- пола шолја кафе
- 2 лажици кафеав шеќер
- 2-3 лажици маслиново масло
Постапка:
Измешајте ги сите состојки и ставете ги пластичен или стаклен сад со поклоп. После туширање добро истријте ги критичните подрачја со оваа смеса и исплакнете го пилингот со млака вода. Потоа нанесете антицелулитна крема.
За најдобри резултатите користете го пилингот секој ден