Категории

Јаболков оцет за сјајна и здрава коса

Јаболковиот оцет има бројни придобивки, а особено е делотворен при негата на косата

Можеби ви звучи чудно, но многу девојки го користат и ветуваат одлични резултати.
Ние одлучивме да откриеме и да ви споделиме зошто тој е толку обожаван и какви придобивки носи.

Длабоко ја чисти косата
За љубителите на силиконски производи и шампони без сулфати, додавањето на јаболков оцет во нивната рутина е одлична идеа. Содржи оцетна киселина која често додава формула во шампонот за длабинско чистење. Помага во ослободувањето од насобраните нечистотии и ја прави косата беспрекорно чиста.

Го забрзува растот на косата
Киселината помага при подобрувањето на циркулацијата на крвта, што значи дека го забрзува растот на косата. Ако веќе долго сакате коса како онаа на Аријана Гранде, обидете се често да правите масажа на главата и да додавате оцетна киселина во овој „ритуал“.

Ја прави косата мека
Ако вашата коса изгледа безживотно, постојано пука и е груба на допир, јаболковиот оцет помага таа да добие живост, ја прави косата мека и свилена на допир.

Помага при отстранувањето на првут и чешање
Оцетото често се користи како сретство за дезинфекција, затоа што има антибактериско и антигабично дејство. Во овој случај помага при чешањето и првутот.

Како да го користите:
-Помешајте неколку лажици јаболков оцет со вода
-После шампонот и балзамот нанесете ја добиената мешавина на косата и коренот
-Оставете неколку минути па потоа исплакнете

Прегледи:
1243
Објавено на:
21.02.2020