Категории

Јајца или житарици за појадок? Што да изберете?

Иако често го занемаруваме – појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Нутриционистите препорачуваат утрото да започне со протеини. И јајцата и житариците се богат извор на истите. Но, што е подобар избор?

Во истражување спроведено во Лос Анџелес учествувале 20 луѓе со прекумерна телесна тежина, поделени во две групи. Првата група појадувала јајца, а втората житарици. Пред почетокот на истражувањето, како и по неговото завршување мерени се количините на грелин (хормон кој потиснува глад) и лептин (хормон кој потиснува ситост).

Според резултатите кои се добиени, испитаниците кои појадувале јајца, во попладневните часови имале помало количество на грелин, а поголемо на лептин- што нѐ упатува на фактот дека во текот на денот внесувале помала количина на храна, за разлика од групата која појадувала житарици. Во прилог на резултатите- јајцата може да се користат во превенција на дебелината, или при намалување на телесната тежина.