Категории

Јануари е месецот за нови одлуки: Негувајте го својот изглед со најновите услуги во Anti Aging center by Promoitalia

Во новата година треба да донесеме нови одлуки, да доживееме нови искуства и секако да бидеме во тек со најновите откритија во областа на убавината, дерматологијата и естетиката. Anti Aging Center by Promoitalia постојано се грижат да ви ги овозможат најновите и најквалитетни услуги и третмани за одржување и нега кожата, разубавувајќи го вашето секојдневие, враќајќи ја самодовербата и насмевката на вашето лице. 

Јануари е месец на нови почетоци, а Anti Aging Center by Promoitalia веќе имаат подготвено за вас нови изненадувања. Најдобри третмани за лице кои ја регенерираат кожата и го враќаат нејзиниот сјај и еластичност, бришејќи ги брчките од неа.

 

Nucleofill е новиот концепт на регенерација на кожата. Nucleofill има ефект на хидрирање и биостимулациски ефект. Полинуклеотидниот гел е новата линија на биостимулативни гелови, базирани врз природни полинуклеотиди со голема густина за подмладување и заштита на кожата.

Чист гел кој е со еластична густина, кој се инјектира, не предизвикува накачување на телесната температура и е разградлив.

Благодарение на неговите биохемиски карактеристики, Nucleofill ја подобрува еластичноста на кожата, ефективен е при превенција на брчки, превентира загуба на тургорот, затегнатоста и еластичноста на кожата, и е ефективен при лекување на атрофија на ткивата.

Високиот капацитет за хидратација се должи на можноста да ја задржи водата на структурално нуклеотидско ниво. Електростатички сунѓер кој гарантира добробит на клетката.

Втората процедура со неверојатен ефект врз вашата кожа се нарекува Cellular Matrix.

Cellular Matrix е процедура за рејувенација која истовремено го поттикнува ткивото на регенерација, благодарение на факторите за раст и длабински интезивно ја хидрира кожата со помош на хијалурон. Комбинацијата на PRP и хијалурон дава зголемен ефект на подмладување, а кожата по третманот е мазна, со подобар тонус и без неправилности и брчки.

Cellular Matrix е иновативен третман кој ги комбинира придобивките од двете признати методи за подмладување PRP и хијалурон.

Придобивки од Cellular Matrix методата која ги комбинира PRP и течниот хијалурон
PRP третманот, познат под називот „вампирски лифтинг“, ја поттикнува регенерацијата на кожата и подобриот проток на крвта во ткивото и доведува до поправен тонус, поголема еластичност и сјај на кожата, а воедно на природен начин влијае врз создавањето на нов колаген и еластин кои ги корегираат видливите ефекти кои се манифестираат преку неправилностите на кожата.
Хијалуронската киселина веќе се наоѓа во кожата и служи да ја хидрира, да го одржува тонусот и да ги неутрализира слободните радикали кои влијаат врз забрзувањето на стареењето. Кога ќе се дополнат депозитите со хијалурон, кои почнуваат интензивно да се трошат на кожата околу 25. година од животот, ја подобрува хидратацијата, ја враќа еластичноста и ги намалува брчките, а кожата е посјајна и помека.
Кога е Cellural Matrix вистински избор?
Доколку имате проблеми со брчки, лузни од акни, неправилности на кожата, делува на затегнувањето и подмладувањето на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете.

Кога хијалуронот се додава во центрифугираната плазма, пациентот има улога на носач на факторот за раст и на тој начин се постигнува поголем резултат, а ефектите се долгорочни.

Како изгледа процедурата Cellural Matrix која се изведува во Anti Aging Center by Promoitalia?
Најпрво се вади малку крв од пациентот која понатаму се центрифугира за да се издвојат тромбоцитите. Потоа, во добиениот серум се додава течен хијалурон, а по третманот нема модринки. Третманот трае околу половина час, а потоа пациентот може да се врати на секојдневните активности. Веднаш по третманот се забележува хидрираност на кожата, а ефектите од процедурата се зголемуваат во наредниот период, а најмногу по две седмици.
Колку третмани се потребни?
Во зависност од тоа која е целта на процедурата, професионалниот стручен тим на Promoitalia за време на консултацијата одредува колку пати е потребно да се повтори третманот за резултатите да бидат адекватни, што зависи од типот на кожа, годините на пациентот.
Прегледи:
833
Објавено на:
15.01.2020