Категории

Јапонска диета со банани која гарантира брзинско симнување на килограмите

Утринската „банана диета“ е вистински хит во Јапонија

Во Јапонија таа се нарекува „Аса-банана диета“. Концептот е едноставен: за дорчек тие јадат само банана, а преостанатиот дел од денот ја јадат во најразлични комбинации. Важно е тоа што е здраво и урамнотежено.

Јапонската диета се базира на тоа дека доручекот е најважниот оброк во денот. Концептот гласи, секое утро да изедете 1-2 банани. Тие брзо ќе ве заситат а се богати со калиум и хранливи влакна кои ја регулираат маснотијата.
Кај оваа јапонска диета едно од правилата гласи дека не смеете да јадете ништо после 20 часот навечер. Јапонските стручњаци тврдат дека исто така е важно да се остане во добро активно физичко здравје и да се практикува вежбање.

Бидејќи бананите содржат многу овошен шеќер, банана-доручекот не е треба да стане трајна навика. Оваа диета може да ви помогне брзински да изгубите неколку килограми, но за трајно решение е потребно доста дисциплина и физичка активност. Поради тоа стручњаците ја препорачуваат банана диетата единствено ако сакате да симнете неколку килограми, но не ја препорачуваат на долги стази.