Категории

Јапонска тајна за убавина чувана илјадници години – Маска која ја прави кожата како стакло

Домашна маска која го успорува стареењето и ја прави кожата мазна и блескава

Дали сте знаеле дека оризот се смета за исцелувачки производ?
Тој е богат со витамини од групата Б кој го стимулира создавањето и растењето на ќелиите, го успорува нивното стареење и го подобрува снабдувањето на крв во кожата – одлично сретство за блескав изглед на лицето. Користен многу векови, особено е ценет и вреднуван во рецептите на јапонските убавици.

За да ја одржат кожата во беспрекорна состојба и да го спречат предвременото стареење на кожата, јапонките користат маска од ориз. Оваа лековите маска за лице со ориз, млеко и мед ќе ви стане омилена затоа што после нејзината употреба кожата е нежна, мека и блескава.

Подготовка:
Земете 2-3 супени лажици ориз и згответе ги на вообичаен начин, додека добро да омекнат. Подготвената смеса исцедета во посебна чинија.
Додадете 1 супена лажица топло млеко во оризот. Помешајте ја смесата до изедначеност и додадете 1 супена лажица мед. Маската нанесете ја во дебел слој на чиста кожа на лицето и вратот. После половина час, внимателно отстранете ја и измијте го лицето со водата од исцедениот ориз.
Тој ќе ја хидрира вашата кожа и ќе ги задржи антиоксидансите, а поседува и апсорбирачко својство на ултравиолетови зраци.
Покрај тоа го врзува бакарот и го успорува формирањето на меланин и со самото тоа спречува настанување на пигментирани флеки на кожата.