Категории

Јас ѝ сум партнер на мојата жена, а не гостин кој јаде и спие

Го прашав кога последен пат, откако што завршила со чистењето на домот, перењето на алиштата, и променувањето на постелнината, капењето на децата, готвењето и организирањето, рекол фала?

Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговаравме, муабетевме за животот. „Ќе одам само на минута да ги измијам садовите кои останаа во садоперот“, му реков.
Ме погледна како да му реков дека ќе одам на конструирам свемирски брод. Ми одговори со малку возхит но и малку збунетост:
„Добро е за тебе што и помагаш на својата жена, кога го правам тоа јас, таа не го цени. Еднаш го избришав подот, не кажа нити фала.“

Се вратив и повторно седнав со него, и му објаснив дека јас не и помагам на својата жена.
„На мојата жена не и е потребна помош, потребен и е партнер. Јас и сум партнер во домот и поради тоа партнерство задачите се поделени, но сигурно не се работи во помагањето околу куќата.
Јас не и помагам на мојата жена да ја исчисти куќата,  затоа што и јас живеам тука и морам и јас да ја чистам.
Јас не и помагам на мојата жена да готви, затоа што и јас сакам да јадам и морам и јас да готвам.
Јас не и помагам на мојата жена да ги измие садовите после ручекот, затоа што и јас ги користам тие садови.
Јас не и помагам на мојата жена околу децата, затоа што тоа се и мои деца и мојата улога е да им бидам татко и родител.
Јас не и помагам на мојата жена да ја пере и пегла облеката, затоа што тоа е и моја облека.
Јас не сум помош во домот, јас сум дел од домот.
А што се однесува до ценењето, го прашав кога последен пат откако завршила со сите домашни обврски, и рекол фала? Но фала, од типот – Фантастична си, ти си супер-жена!
Ти се чини апсурдно? Дали ти изгледа чудно?
А кога ти еднаш во 100 години си го исчистил подот, си очекувал минимална награда за својот подвиг, со многу слава.
Зошто? Дали некогаш си размислил за тоа пријателу?
Можеби затоа што, според тебе, сето тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си се навикнал таа да го прави сето тоа додека ти не мораш да мрднеш нити со прстот?
Значи, цени како што сакаш и другите да те ценат тебе, на ист начин и со ист интензитет.
Пружи рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, да спие и да се испере.
Чувствувај се како дома во својот дома.“

Прегледи:
571
Објавено на:
18.02.2020