Категории

Како Ана Винтур стана најмоќната и најугледна жена во светот на модата

Таа важи за исклучително силна и непоколеблива жена која успеала да го промени модниот свет на многу начини

Ана Винтур, уредничката на магазинот Vogue кој го носи името „модна библија“, веќе триесет години важи за личност која ја одбележува модната индустрија. Таа сега има 70 години, но и понатаму изгледа извонредно. Нејзиниот збор има тежина и кога некоја позната личност ќе направи модна грешка, сите и веруваат на нејзините осуди.

Ана Винтур е позната по својот леден став, по темните очила за сонце кои ги носи во сите прилики и богатите крзна и високите потпетици. Таа ја изгради својата империја која вреди повеќе од сто милијарди долари. Се смета за најмоќната жена во светот на модата и сите помалку и се плашат поради нејзиниот брутално искрен и суров став.
Ана го поседувала сетилото за стил уште од детството. Таа се противела на школските униформи кои ги носела во текот на своето школување, затоа што сметала дека е лошо сите ученици да изгледаат исто, таа се борела за индивидуалноста и идентитетот на секоја личност за да биде приметена а во тоа и успеала. Боб фризурата е нејзин заштитен знак и ја носи уште од младоста.

Ана го напуштила училиштетот и се запишала на курс за мода но по кратко време се откажала затоа што сметала дека знае повеќе. „Модата или ја знаеш или не“, велела таа. На 20 години станала новинарка, променила многу модни компании, работела за Harper’s Bazaar, но тоа едноставно не било доволно добро. Посакувала повеќе. Работела за модните магазини Viva, Savvy и Penthouse, исто така и за New York Magazine. Често имала несогласувања со шефовите затоа што била тврдоглава и се водела исклучително по свои правила со цел да ги истурка своите идеи на виделина. во 1988, Ана стана уредничка на магазинот Vogue.

Токму Ана Винтур е една од главните виновнички кои направиле овој магазин да го добие името „модна библија“, таа внела софистицираност, секесипил и вистина во овој магазин. Направила се тој да стане еден од најпродаваните и да се стекне со почит и авторитет.
Денес, не постои жена која не знае за Vogue, и претставува исклучителна чест за некоја личност да ја добие шансата да ја краси неговата насловна страна.

Снимен е и филм во кој е претставена вистинската личност каква е Ана Винтур денес, и го носи името The Devil Wears Prada, филмот во кој улогата на Ана Винтур ја има Мерил Стрип, нуди исклучителна претстава за тоа што Винтур претставува за модниот свет.