Категории

Како да и дадете волумен на тенката коса?

Сопственичките на тенка коса, по непишано правило сонуваат за фризура која е полна со волумен, но не секој таков стил е во состојба да издржи целиот ден. Денес детално ви откриваме како да ја исполните вашата желба.

Создавањето на волуменозна фризура е полесно отколку што можеби ви се чини на прв поглед. Главно нешто е усовршување на техниката дома, а исто така не заборавајте да се опремите со едноставни алати за експериментирање – во наш случај тоа се шампон, масло за коса, спреј, лак, фен за коса и четка.

Начин на постапка:
Измијте ја косата со шампон наменет за тенка коса без волумен – таков кој нема дополнително да ја спласне косата. Добро шампонирајте во коренот со цел да добиете волумен од самиот почеток на скалпот.
Доколку имате суви врвови, нанесете малку масло, не поголема количина од неколку капки.

Напрскајте спреј со морска сол по целата должина.
Исушете ја косата со фен со главата надолу, тоа ќе ви даде дополнителен волумен на вашата коса.

Нанесете сув шампон директно на коренот на деловите каде е потребно да направите волумен.
Масирајќи со нежни движења поидгнете го коренот на косата.
Резултатот заврстете го со лак за коса, и операцијата за додавање волумен на тенка коса е завршена.

Прегледи:
631
Објавено на:
17.05.2020