Категории

Како да изгледате помладо со помош на облеката?

Стилските трикови можат комплетно да го трансформираат вашиот изглед, а за тоа не морате да вложите многу труд.

Едноставно не треба слепо да ги следите трендовите затоа што некои од нив можат да ги нагласат вашите години. Се препорачува во лето да носите лефтерни материјали и светли бои, разиграни и дезени и секако малку откриена кожа.
Одредени бои и додатоци и секако високи потпетици, можат да бидат вистинска анти-age формула која е во прашање стило.

Принтови во весели бои
Разиграните дезени не само што му прилегаат на летното расположение туку можат да ве направат да изгледате помладо во исто време. Но сепак морате да внимавате затоа што тоа се однесува само на одредни дезени како што се оние со заоблени линии и силни бои.

Екпериментирајте со панталоните
Лефтерните и широки модели се во главниот фокус оваа сезона, а со различните дезени се идеален избор за секој ден. Одберете модел во трапезоиден модел кој паѓа се до подот.Исто така кратките модели се полн погодок.

Потпетици
Не треба секогаш да носите неудобни и високи потпетици, и онака постои совршена алтернатива за нив – умерено високата и дебела потпетици е совршена за секојдневни комбинации и сепак е удобна.

Не го следете секој тренд
Не секој тренд му прилега на секому, тоа е факт. Најважно е да го развиете сопствениот стил и модерните парчиња да ги вклопите во него притоа оставајќи го својот личен печат во секоја комбинација. Со други зборови, „немојте да носите се што носат младите“ затоа што наместо да изгледате помлади, ефектот може да биде сосема спротивен. Неколку basic парчиња во комбинација со добар накит и аксесоари можат да бидат совршен избор.

Откријте малку кожа
Кога ќе речеме „да покажете кожа“ не мислиме на кратки фустани и сукњи. Но затоа сукњите со миди должина или должина на бермуни се одличен избор за секоја модерна девојка. Доколку сепак не сте љубител на овој моде, одберете маица или топ кој ќе ги открие рамената.

Прегледи:
713
Објавено на:
16.09.2019