Подочници, непослушна коса и непостојана шминка се само некои од проблемите кои можат да ви го уништат денот. Сепак, тоа не мора да биде така. Дури и ако одите на работа во најраните часови, може да изгледате убаво преку целиот ден, а во тоа ќе ви помогнат следните трикови за убавина:
1. Користете подлога
Вашата шминка ќе има најголеми шанси да преживее преку целиот работен ден доколку во својата мејкап рутина ја вметнете и подлогата. Секако, пред нанесување на подлога, лицето треба да го намачкате со хидратантна крема и тој чекор никогаш не смеете да го прескокнете.
2. Спасете ја косата со шампон за суво миење
Ако сте заборавиле вечерта пред спиење да ја измиете косата, се будите предоцна за да го направте тоа наутро, тука е вашиот верен помошник – шампонот за суво миење. Создаден токму за вакви неприлики, овој шампон веднаш ќе ја освежи вашата спласната и масна коса и ќе ви го разубави денот.
3. Купете пудра во прав
Кожата станува сјајна откако ќе поминете цел ден на работа, но не во позитивна смисла. Тоа никако не е изглед кој сакате да го постигнете, па поради тоа најдобро е по шминкањето на лицето да нанесете мал слој пудра во прав кој на кожата ќе и даде мат изглед.
4. Носете насекаде со себе ливчиња за упивање на сјајот од лицето
Ливчињата за матирање на лицето, се производ кој треба секогаш да го имате во својата торба. Т-зоната во стресни околности се масти уште почесто, но овие ливчиња во истата секунда ќе ја впијат маста и ќе изгледате посвежо и поубаво.
5. Останете хидратизирани
Овој совет се исплати да го повториме повеќе пати, бидејќи ако не пиете доволно вода, тоа негативно се одразува на вашиот изглед, но и на целокупното здравје. Не чекајте да дојдете од работа за да ја угаснете жедта, туку секогаш во ташната носете шишенце вода со вас.