Категории

Како да ја одбиете негативноста и лошите случувања од себе

Како да ги оттргнете лошите настани и неволји од себе – тајната е во начинот на размислување, неколку вежби можат да ви помогнат!

Нашите мисли ја контролираат нашата реалност! Сите сте ја слушнале изреката: „Какви се вашите мисли, таков е вашиот живот! Многупати во животот на секој од нас оваа изрека се покажала како реална. Кога размислуваме негативно за работите што не очекуваат, секогаш се плашиме дека ќе се случи нешто лошо, тогаш негативните работи навистина се случуваат – ги привлекуваме со нашите мисли. Постојаното размислување за негативното создава енергичен „впечаток“ дека го сакаме тоа и ни се враќа.

Не е лесно да се ослободите од лошите и негативни мисли, но може да ви помогнат неколку едноставни вежби:

1. „Никогаш не запаѓам во неволја! Ништо лошо не ми се случува!“

Кажете ги овие зборови кога одеднаш ќе се појават стравови, грижи и вознемиреност. Кажете ги полека и свесно за вашиот ум да разбере дека нема потреба да се грижите и негативно да ги проектирате идните настани.

2. Изберете тивко и мирно место, седнете удобно и запрашајте се „Што би сакал да имам во мојот живот што сè уште немам?“. Земете парче хартија и направете список со желби. Потоа поставете си го следново прашање: „Што имам што не сакам да го имам?“ Земете нов лист хартија и направете листа од што би сакале да се откажете.

Препрочитајте ги сите работи што „не сакате, но ги имате“ и смислете позитивна фраза што го има истото значење, но го нарекува нешто што „немате, но сакате“. На пример, ако не сакате, но имате прекумерна тежина, тогаш она што го сакате, а го немате е витка линија. Заменете го секое „не сакам, но имам“ со „Сакам, но немам“. Запишете ги сите променети фрази во една листа на желби и имајте ги на ум. Редовно зајакнувајте ги позитивните мисли, кажувајте ги овие фрази како афирмации и ќе ги постигнете своите цели.


3. Обидете се со ароматерапија – Различните мириси ни помагаат да го промениме расположението, да спиеме подобро и поздраво или да ја обновиме нашата енергија. Секако, ароматерапијата и есенцијалните масла нема да ви ги решат проблемите, но ќе ви помогнат да се опуштите.Се препорачуваат аромите на нане, ванила и роза. Мирисот на лимон ќе ви помогне да се разбудите побрзо, аромата на портокалот може да ви го подобри расположението. Можете да набавите есенцијални масла и да ги додадете во бањата, арома ламбата или овлажнител.

4. Напишете 5 позитивни работи – Ова е прилично позната техника и навистина функционира. Треба да најдете 5 позитивни аспекти во секој случај, без разлика колку е негативен. Ќе бидете изненадени што дури и во најлошите ситуации можете да најдете позитивни, емотивни моменти за себе и работи за кои можете да бидете благодарни. Кога ќе најдете позитивен агол, полесно ќе најдете решение.