Категории

Како да ја вратите белината на пожолтените нокти?

Постојат бројни причини поради кои ноктите кои некогаш биле совршено бели, стануваат жолти и непривлечни. Меѓутоа, за среќа постои едноставен начин како да ја вратите белината на ноктите кои го изгубиле својот сјај. Спрема советите на стручњаците дојдовме до откритија како да ги направите вашите нокти повторно блескави.

Темните лакови на нокти, различните домашни работи доведуваат до тоа белината на ноктите да стане замаглена.
Постојат бројни причини поради кои ноктите кои некогаш биле совршено бело, стануваат жолти и непривлечни. Меѓутоа, за среќа постои едноставен начин како да ја вратите белината на ноктите кои го изгубиле својот сјај. Спрема советите на стручњаците дојдовме до откритија како да ги направите вашите нокти повторно блескави.

Зошто вашите нокти ја губат својата белина?
Главната козметичка причина поради која ноктите стануваат жолти е предолгото држење на темниот лак на нив поради што тоаѓа до состојба на дехидратација. Меѓутоа, ако обично не ги лакирате вашите нокти или барем не често, а забележувате дека станале жолти, тоа би можело да биде предизвикано од здравствени причини, еден од проблемите би можел да биде габична инфекција на ноктите.

Како да ги избелите ноктите во домашни услови?
Постапката која ќе ви ја претставиме се однесува само на ноктите кои ја изгубиле својата белина поради користење натемни лакови и слични ситуации, кои немаат медицински проблем во позадина. Она што можете да го направите во домашни услови а што ќе ви обезбеди потполна негана ноктите е – пилинг за нокти.

Што ви е потребно:

  • паста за заби со ефект на белеење
  • четка за чистење нокти (може и четка за заби)
  • масло за нокти по избор (маслиново, ако немате нити едно друго при рака)

Постапка:
Ставете од пастата во количина колку зрно грашок на секој нокт и потоа трјте по целиот нокт. Оставете да делува неколку минути. Потоа со помош на четката повторете ја постапката. Активните состојки на пастата за заби делуваат еднакво на вашите нокти како и на вашите заби.
По завршувањето исплакнете и нанесете масло за рехидратација на површината на ноктите.

Со цел да спречите вашите нокти во иднина да пожолтат користете проѕирен лак за нокти.

Прегледи:
716
Објавено на:
18.09.2020