Категории

Како да не се заразите додека сте во продавница? Корисни совети за купување во време на пандемија

Добро запомнете ги овие совети додека сте во продавница за да се заштитите себеси и другите.

Оддалеченоста од два метри помеѓу луѓето може да ги замени заштитните маски од коронавирусот, велат медицинските специјалисти.
Тие потсетуваат дека коронавирусот не се пренесува толку преку воздухот, колку преку рацете.

-Самиот вирус не е опасен на облеката. Проблемот се појавува кога со заразени раце ќе ја допреме слузницата.

Ако со рацете не го допирате лицето, ризикот од инфекција значително се намалува.
Но ако ги допрете носот, очите или устата со заразени раце, можете да се заразите. Поради тоа морате темелно да ги миете рацете.
Кога ќе се вратите дома од продавница или работа, облеката нема да ви биде заразена ако не сте се гушкале, ракувале или биле во лифт со некого. Ако личноста тој ден била сама во продавница, не е потребно да се дезинфицира облеката.

Медицинските специјалисти советуваат да ја дезинфицирате облеката на овој начин:
Кога ќе дојдете од надвор, изнесете ја облеката на балкон. Оставете ја изложена на сонце неколку часови, тоа ги убива сите бактерии.

Прегледи:
551
Објавено на:
08.04.2020