Категории

Како да се брендирате себеси – Ова се клучните чекори

Размислете еднаш неделно да издвојувате по два часа со цел да размислувате за животната стратегија.

Кога е проблемот веќе тука, веднаш размислуваме за решенијата и тактиките, затоа што тие ни овозможуваат брзо и функционално да делуваме. На пример – работите во организација во која е најавено дека ќе биде намален бројот на вработени за 30 посто во наредната година дена. Секако дека веќе сте почнале со подготвување на различни сценарија и размислувате за наредниот чекор.
Тоа е ре-акција на ситуацијата и таа е неопходна, корисна и ефикасна. Прашањето е: Како баш таа ре-акција води до она што сакате да бидете? А пред тоа доаѓа уште едно прашање – Каде сакате да бидете во иднина?

Многумина ќе кажат дека треба да живеат во мигот. Да, иднината е клучна за нашата сегашност. Ако се осмелиме да ја смислиме, тогаш можеме стратешки да преминеме во смислување на техниката и остварување на стратегијата. Но како до стратегија на животот?
Можеби едноставно е да се направи стратегија на промена на професијата, стратегија на освојување некого, стратегија на родителство. Животот звучи како преголем залак зарем не?

За на вистински начин да стигнеме до веродостојноста, потребно е да разбереме кои сме (нашиот идентитет), да знаеме на кои начини можеме да комуницираме и од изборот на начини зависи тоа шо некој ќе каже за нас кога не сме тука.

Кога ќе почнеме да размислуваме себеси како за производ, поедноставно е да разбереме што не прави специфични, поинакви и на тие нешта ќе се обидете да се потпираме во иднина. Интересно е дека професоналците од областа на брендирањето иако се доста успешни на своите работни задачи, не умеат тоа знаење да го применат на лично ниво.

Ова се клучните чекори до претворањето на самите себе во бренд:

Запрашајте се професионално:
-Што јас правам и кој е мојот допринос?
-За кого го правам тоа?
-Каде работам?
-По што сум единствен во тоа што го работам?
-Како го чувам својот професионален бренд?
-Како го вреднувам својот професионален бренд.

Запомнете дека најуспешни се онеи кои паметно градат и го чуваат својот бренд – професионално или лично. Што мислите, дали тоа го направиле стратешки и колку време вложиле во својата стратегија?

Прегледи:
558
Објавено на:
08.06.2020