Категории

Како да станете поженствени?

Водете грижа за себеси колку што можете повеќе

Негата и грижата за себеси е главниот услов за женственоста. Затоа, не штедете на маникит, редовно посетувајте козметичар, надгледувајте го своето здравје и не ја прескокнувајте теретаната. Престанете да го прилагодувате распоредот на убавина „со добра причина“: педикирот не е потребен само на лето, отстранувањето на влаканта – не само пред интимен состанок. Морате секогаш да бидете убави од глава до пети. Земете ја за пример Адриана Лима, која по сосптвено признание, се гриже за себе во текот на целата година, 24 часа дневно.

Носете секси долна облека без причина
Женственоста, како и сензуалноста е состојба на умот. Барем понекогаш носете секси долна облека и чорапи без причина, исклучиво само за себе. Нека никој не знае за нив, но ви гарантираме дека овој вообичаен работен ден во канцеларија ќе се чувствувате потполно поинаку.

Опкружете се со убавина
Грижете се за просторот во кој го поминувате времето. Уредете го така да има пријатна и убава атмосфера која ќе ве прави позитивни и среќни. Можете да почнете со мали нешта. Прво, немојте да шетате низ дома по стара и искината облека, ставете цвеќе на ноќното шкафче.

Танцувајте
Танцот помага да изгубите килограми и го подобрува тонусот на телото. Но главно нешто е тоа што радикално ја менува иднивидуалната култура на движењата. Само неколку лекции и ќе забележите како сте ги промениле вашите движења и чекори, ќе станете по грациозни, како пантер.

Носете потпетици
Секако, во патики и чизми е многу по пријатно – а исто така е и во мода. Но девојката во високи потпетици остава силен впечаток. Ноезе стануваат визуелно потенки, подолки и позатегнати, а одењето – по женствено.

Насмевка
Намуртениот изглед не е привлечен. Да, во животот се случуваат неволји, но нема потреба целиот свет да знае дека имате проблем. Напротив, нека бидат сигурни дека сте безгрижна девојка – тогаш ќе бидат подготвени да ви скокнат на помош во тешките времиња.

Фустани
Дете во дуксер и фармерки и девојка во фустан се две различни личности. Било кој маж тоа лесно ќе го потврди. Но сега не се работи за него, туку за вас. Немојте да се срамите да се облекувате како жена – и почнете да ги навикнувате другите колку е лесно да ги шармирате луѓето околу себе. Наместо уште еден пар фармерки, купете нов фустан.