Категории

Како да заспиете за 1 минута?

Стресот во современото општество е виновен за поголемиот дел од болестите од кои сите ние страдаме. Секојдневниот напор и замор стојат во основата и на бројни малигни заболувања.

Постои метод сепак, кој брзо, лесно и ефикасно помага да се намали стресот и да се има полесен сон.

Методот “4-7-8”

Овој метод е многу едноставен, не е потребно време и не бара посебно место. Сè што се бара е да дишете преку носот за 4 секунди, да го задржите здивот за 7 секунди и да издишете преку устата за 8 секунди.

Многу е едноставно за изведување, но непроценливо како лек за духот и телото.

Ефектот

Задржувањето на здивот и намерно бавното издишување има брз позитивен ефект врз целиот организам, бидејќи:

-Го забавува срцевиот ритам;

–  Го снабдува организмот (мозокот) со кислород;

– Го подобрува спиењето;

– Телото се чувствува одморено;

– Го намалува стресот;

– Го смирува умот и носи чувство на задоволство.

Ендрју Уејл – доктор од Универзитетот Харвард, кој го истражува од години методот “4-7-8” вели дека оваа практика со векови се применува од индиските јоги за духовно и физичко балансирање.

Прегледи:
695
Објавено на:
14.06.2016