Сите дами посакуваат мека коса која на допир делува како свила, без оглед на тоа дали е долга или кратка.. Често пеглањето и виткањето, сушењето со фен, изложувањето на сонце постепено ја уништува и ја прави груба а врвовите суви и испукани. Ви споделуваме неколку совети од стручњаците и кои трикови ги користат за да се постигне мекост и негуван изглед.
Корстете го шампонот паметно
Многу дами не го користат шампонот правилно а тоа може да и наштети на вашата коса. Тој се нанесува во количина колку паричка. Се масира првенствено во темето на главата со нежни кружни движења со прстите од вратот на нагоре.
Водете грижа за темето на главата
Здравата и сјајна коса започнува од врвот на главата, поради тоа е потребно да посветите посебно внимание на негата на темето. Се препорачува еднаш неделно да користите scrub или природно масло со цел да направите ексфолијација на темето. Овој третман се прави така што нежно ќе го вмасирате во темето пред користењето на шампонот со помош на врвовите на прстите. На овој начин ќе ги отстраните сите материи кои се насобираат во кожата на главата.
Чешлање на мокра коса
Секогаш кога ја чешлате мократа коса користете соодветен спреј за отпеткување на влакното и четка со широки забци со цел да спречите тегнење и кинење на влакната. Бидете нежни и внимавајте пред тоа добро да ја избришете косата со пешкир.
Сушење на косата
Секако се препорачува избегнување на користење на фен на коса затоа што тоа создава сушење и пукање на влакната. Намалете го користењето на фен на минимум, кога е неопходно секогаш претходно користете спреј против топлина со цел да ја заштитите косата од оштетување. Користете спреј против топлина и пред да ја пеглате или виткате косата.
Редовно користете маска за коса
Не е важно дали имате долга или кратка коса, морате да и пружите соодветна нега. Нема да постигнете свиленкасто мека коса ако не користите маска. Маската за коса ги освежува и омекнува врвовите, ги хидрира и им дава сјај. Најголема корист ќе имате од маските кои содржат кератин и аминокиселини.
Редовно скратувајте ги врвовите
Испуканите краеви можат да се прошират до врвот на главата, спречувајќи косата да расте здрава и цврста. Фризерите препорачуваат кратење на краевите на секои 8-12 недели. Доколку немате проблем со испукани краеви можете да ја кратите на 4 месеци.
Обрнете внимание на состојките
Кога купувате шампон внимавајте да избегнувате такви кои содржат силикони и сулфати. Можете да користите и природни маска од јојоба, арган и рицинус. Направете микс од овие масла и еднаш неделно нанесувајте го на косата така што ќе ја држите во фолија завиткана во пешкир, тоа ќе направи топлина а тоа ќе делува длабински врз влакното.