126 милиони луѓе сместени на четири главни острови, на површина 26 пати помала од онаа на САД. Јапонците знаат како да бидат економични кога станува збор за просторот – што може да биде проблем за туристите. Честопати се случува да ги удрат главите од таванот, тушевите се прениски, а кога ќе ги видите седиштата во метро ќе сфатите дека навистина се штеди на простор. Доколку планирате да ја посетите Јапонија и сте повисоки од 180 цм, тогаш ви препорачуваме да внимавате на главата!