Категории

Како изгледаа познатите дами на доделувањето на престижните награди?

Мала, но одбрана група на најдобро стилизирани ѕвезди се собра на најголемиот британски моден настан.

Пред неколку денови се одржа доделувањето на најважните модни награди во Велика Британија Fashion Awards 2021, што беше повод да се соберат најголемите светски имиња во Royal Albert Hall.

Наградата за најголемо модно достигнување ја добил американскиот дизајнер Томи Хилфигер, втората најважна награда на вечерта е за предводник на промените во поле на креативноста, а неа ја добија Вирџил Аблох, Алесандро Мишел, Демна Гвасалиа, Ким Џоунс и Џонатан Андерсон.

Покрај одличните музички перформанси, доделувањето на модните награди донесе гламур бидејќи супермоделите, музичарите, актерите и дизајнерите ги прошетаа своите блескави изданија на црвениот тепих.

Погледнете како изгледаа.

 

Прегледи:
511
Објавено на:
03.12.2021