Категории

Како корона вирусот влијае врз пушачите?

Изминатите неколку недели стручњаците поделија бројни препораки за одбраната од корона вирусот, а онаа најчестата се однесуваше на зајакнувањето на имунитетот. Еден совет особено се издвои а се однесува на пушачите.

Неодамна спроведеното истражување кое анализираше 44,000 случаи на заболени во Кина, покажа дека мажите (2,8%) почесто умираат откако ќе се заразат со овој вирус отколку жените (1,7%). Некои научници веруваат дека причината за тоа е пушењето.

Мажите во Кина пушат повеќе отколку жените – анализата од 2010 год. покажа дека 62,4% од кинезите се пушачи додека кај жените само 3,4%.

Истражувањата покажуваат дека пушењето може да ја ослаби одбранбената фунцкија на имунолошкиот систем. Со тоа, истражувањето кое научниците од Државниот универзитет во Охајо го спроведоа минатата година, утврдија дека дури и повременото пушење цигари може да му наштети на телото и да доведе до проблеми со висок крвен притисок и висок холестерол.

Прегледи:
568
Објавено на:
23.03.2020