Категории

Како локните да ви стојат цел ден

Инстантно решение за сите кои имаат „непослушни“ локни..

Доколку вашата кадрава коса се растура веднаш кога ќе излезете од дома – не сте единствена кој се соочува со овој проблем. Многу дами кои имаат природно права коса не можат да ги задржат своите локни неколку часа, а работата честопати ви паѓа во вода дури и пред некој да ве види со нова фризура. Како да го спречите растурањети и да ја задржите вашата фризура ви откриваат специјалисти за убавина од Холивуд

Сè што ви требаат се метални шноли кои најчесто се користат во салоните за коса. Кога ќе ги виткате прамените, задржете ги кај коренот, а потоа зацврстувајте ги со по една шнола. Така нека останат додека вашата коса целосно не се исуши. Потоа отстранете ги шнолите една по една и со прстите нежно одделувајте ги локните. Запомнете го следново: локните треба да бидат малку посилни бидејќи ќе се олабават во текот на денот.

Кога брзате можете да го забрзате целиот процес со ладење на локните со фен за коса (ако има опција за ладен воздух). Нанесете лак за коса и подготвени сте!

Прегледи:
418
Објавено на:
12.09.2019