Категории

Како моментално да прочитате некого – Совети од агенти на тајни служби

Способноста да ги читате други луѓе може значајно да ви помогне во вашата комуникација

Една членка на тајна служба која 23 години работи како агент, открива дека не морате да бидете првокласен детектив за да разберете што се врти во нечија глава. Секогаш постојат сигнали кои можат да се употребат, се што е потребно да направите е да знаете да ги побарате.
Кои се точно знаците кои ни откриваат што особата мисли или чувствува, ви откриваме во продолжение.

Основниот модел на нивното однесување
Постојат различни облици на однесување кои зборуваат многу за тоа како личноста се чувствува или што мисли во даден момент. Така на пример, доколку личноста гледа во подот во текот на разговорот, стои со скрстени раце, кашла, се чеша за главата или седи немирно во местото може да зборува многу за неговата ментална состојба. Луѓето кои се нервозни најчесто ги прекрстуваат рацете кога зборуваат со некого, а тоа може да значи и одбранбен став. Доколку избегнува контакт со очите може да значи дека личноста крие нешто или ве лаже.

Чудни навики
Дали сте забележале дека пред да одговорат на некое прашање, некои луѓе прават некои мали „ритуали“, како на пример прочистување на грлото. Тоа може да сигнализира дека личноста е нервозна, но и дека крие нешто очигледно.

Обрнете внимание на нивните гестови
Доколку личноста прави некои невообичаени гестови кога разговара со вас, добро внимавајте на нив, тие може да откриваат многу за тоа како таа се чувствува во ваша близина и каква енергија пренесува кога разговара со вас.

Позиција
Најсилната личност е онаа која најчесто седи на чело на масата. Самоуверената особа, по правило има висок и силен глас, но не и бучен. Често водич на една група се случува да е личност која зависи од другите.

Чекорење
Луѓето најчесто не се свесни за своите покрети. Ако личноста гледа во своите стапала наместо пред себе додека оди, тоа е знак за недостаток на самодоверба.