Категории

Како зрачите така привлекувате – Ако сте незадоволни од својот живот клучот е во вас

Одамна е познато дека спрема законите на привлечноста нашите ставови и очекувања го обликуваат нашиот живот,а сега и когнитивната наука почна да ги потврдува тие тврдења. Неодамнешните истражувања покажаа дека личностите кои имаат повеќе самодоверба и оптимизам, полесно ги совладуваат животните препреки.

Позитивниот став спрема животот и вербата во себе донесуваат зголемена мозочна активност и полесно решавање на животните проблеми, наведуваат новите резултати на истражувањата за законите на привлечност. Исто така позитивниот став спрема другите за возврат донесува квалитетни меѓусебни односи.

Добрите прилики ќе дојдат сами – Морате да се потрудите
Иако законот на привлечноста вклучува доза потпирање на интуицијата, тоа не значи дека треба да престанете активно да работите на сопствениот успех. Нереално е да очекувате дека добрите прилики ќе ви паднат од небо, додека вие седите со скрстени раце и чекате да се појават.
Морате да го прифатите фактот дека успехот некогаш не е поклонет туку заслужен. Работете на себе на своето образование и способности. На крајот, не чекајте ги приликите туку сами тргнете во поход и пронајдете ги и зграбете ги.

Животот не е фер – Сепак е фер
Сите тоа го знаеме на теориско ниво, а сепак е тешко да се прифати тоа кога ќе го почувствуваме на своја кожа. Можеби ќе сакате да ги прекрстите рацете и да чекате свемирот да ги израмни сметките, но тоа не е решението. Таа правда која сите ја чекаме најчесто не ја дочекуваме па од тоа извлечете вредна лекција.
Можеби животот ќе ве врати чекор назад но најважно е да се соберете и да му го возвратите ударот така што ќе направите два чекори напред. Ќе се сконцентрирате на себе наместо на горчината и осветата на оние кои ви згрешиле нешто. Тоа не е лесно но долгорочно е и те како исплатливо за вашиот успех и личен развој.

Нештата ќе ве успреќат – Не е така
Секој пат кога ќе прочитате нешто вакво, сетете се колку пати сте чуле дека е полесно да се плаче во ламборџини отколку во југо. Дали имате милиони на вашата сметка или едвај преживувате од први до први, солзите се солзи и подеднакво исто болат.
Секако дека сите сакаме да си дозволиме на себеси нешто убаво, но среќата сепак почива на темелите кои не можат да се купат со пари, како што е љубовта и здравјето. Во недостаток на тие елементи, можете да почните да купувате се и сешто обидувајќи се да ја исполните таа празнина. За жал, празнината која не настанала поради материјалното не може да се пополни со материјалното.

Кога сум потиштена седам дома – Не, излезете надвор
Подобро вложете пари во себе како личност. Постојат разни курсеви, работилници, активности и патувања кои ќе ве збогатат со искуства и ќе ве исполнат одвнатре.

Нема да успеам – Кој го вели тоа?
Ако самите на себе си велите дека нема да успеете во нешто, подгответе се тоа да биде така. Наместо тоа, обидете се да развиете позитивни очекувања.

Прегледи:
550
Објавено на:
28.11.2020