Категории

Какво е влијанието на печурките против вирусите?

Американските научници откриле дека печурките му помагаат на организмот да се брани од вирусите. Според истражувањата консумацијата на печурки го подобрува имуниот ситем на човекот.

Наскоро се очекува да се спроведат истражувања и за влијанието на печурките во борбата против грипот. Во друга студија спроведена во Кина се добил податок дека секојдневната употреба на печурки во исхраната го намалува ризикот од карцином на града. Печурките најчесто не се многу застапени во менито. Но, позитивниот ефект кој го имаат врз здравјето на луѓето е непроценлив. Па, затоа размислете повторно, што ќе приготвите утре?