Категории

Какво масло да одберете според вашиот тип на кожа?

Маслата за кожа владеат со светот на убавината. Тие се идеален избор кога е во прашање природната нега на кожата затоа што не содржат штетни состојки, притоа осигурувајќи етеричен и здрав изглед на кожата.

Природните, еколошко произведени, нерафинирани ладно цедени масла секогаш се најдобриот избор. Доколку не ги исполнуваат тие критериуми можат да нанесат повеќе штета отколку кроист.
Маслата за кожа најчесто се користат во комбинација со серуми и креми, обезбедувајќи му ја на кожата потребната влажност и хранливи состојки кои се неопходни за нејзин здрав изглед.

Во зависност од типот на кожата еве кои масла се препорачуваат:

АРГАНОВО МАСЛО ЗА ЗРЕЛА КОЖА
Ова масло се препорачува за нега на брчки и фини линии и пигментирани флеки.
Аргановото масло спаѓа во најмалку комедогени масла.Но и покрај тоа, оние кои се склони кон акни никако не смеат да го користат во чист облик.
Аргановото масло е богато со витамин Е и има својства кои ја подмладуваат кожата. Се вели дека тоа е течно знато затоа што со векови го користеле Мароканките.
Аргановото масло му ја враќа рамнотежата на кожата во излачувањето на себум и има антибактериски својства. Помага при кожни неправилности, флеки и пеги, ја измазнува кожата и помага при завелување на рани и лузни.
Тоа особено и годи на зрелата кожа така што ја прави мазна и и дава младешки изглед.

МАСЛО ОД КОНОП ЗА КОЖА СКЛОНА КОН АКНИ
Маслото од коноп е едно од најлековитите масла. Тоа има силна противвоспалителна и антисептичка моќ и е идеално за кожата склона кон акни. Во својот состав содржи аминокиселини и масти како човековата кожа. Содржи витамин Е, Ц, гама-линоленска киселина и алфа-линоленска киселина.
Ова масло лечи и осип и кожа која се лушти. Го урамнотежува лачењето на себум притоа давајќи и природна хидратација на кожата.Ја обновува липидната бариера на кожата и ја штити од исушување. Помага при егземи и е идеално за чувствителна кожа.

МАСЛО ОД ШИПКА ЗА СИТЕ ТИПОВИ КОЖА
Маслото од шипка е едно од најдобрите масла затао што и годи на секој тип на кожа а може да се комбинира и со различни масла. Тоа ја освежува, подмладува и нахранува кожата. Одлично е како надоместок наместо серум, се користи исклучиво навечер затоа што на сонце оксидира и може да доведе до контра ефект. Се чува во ладилник затоа што се работи за најмалку трајно масло.
Содржи провитамин А, во облик на бета каротен, витамин Е, антиоксидански, ги одбива слободните радикали со тоа го спречува стареењето на кожата, антиоксиданс ликопен кој ја штити кожата од штетните надворешни влијанија како што се УВ-зраците, витамин Д и многу други хранливи состојки кои ја регенерираат кожата.
Маслото од шипка помага во намалувањето на брчките, хиперпигментацијата на кожата и помага при лечење на проблематична кожа склона кон акни. Исто така спречува пигментациони флеки и помага во нивно избледување.

Прегледи:
651
Објавено на:
17.08.2020