Категории

Карактеристики на луѓето родени во февруари

Ако сте родени во февруари, ова се вашите карактерни црти, како и „предвидувања“ за професија, интереси и многу други сфери од животот.

Однесување и карактер

Во студијата спроведена над 21.000 деца во текот на седум години, утврдено е дека февруарските бебиња честопати се подолги, односно поголеми од останатите.

Луѓето родени во февруари, како и во другите студени месеци, докажано се помалку склони кон промени во расположението и нервоза. Зимските, а тоа значи и февруарските деца се повеќе послушни од врсниците родени во летните месеци.

Може да бидат и тврдоглави, понекогаш и со бунтовнички ставови. Бргу создаваат пријателства, но умеат и да бидат многу чувствителни.

Тие се уметнички души! Едно истражување спроведено во Америка покажало дека луѓето родени во февруари имаат најголеми шанси да се занимаваат со некој вид на уметност.

Интереси и работа

Тие се задоволни со својата работа! Возрасните личности во знакот на Риби се најзадоволно од својата кариера и заработка. Исто така, според одредени истражувања луѓето родени во јануари и февруари имаат најголеми шанси да станат славни!

Тие се Водолии, оригинални и активни со изразена хуманитарна црта, или Риби, сочувствителни и уметнички настроени.

Здравје

Луѓето родени во февруари, март и април имаат најмала изложеност на ризико од невролошки заболувања. Но, имаат малку зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Февруари е, по многу истражувања, лош месец кога станува збор за квалитетот на сонот, без обзир на датумот на раѓање. Луѓето родени во феврури имаат поголеми шанси да патат од пореметување на сонот.

Прегледи:
611
Објавено на:
06.02.2019