Категории

Кариран дезен – Ретро тренд од кој не можеме да се откажеме

Да, дезенот кој го паметиме уште од детството, а и е општо познат како модел на дезен за чаршафите за пикник моментално е најголем тренд во модниот свет.

Токму така, карираниот дезен на кој се сеќавате од детството, кој го одбележаа кошулите кои ни ги купуваа кога одевме во основно училиште или чаршафите на масата кај баба – тој е повторно тука и е поголем тренд од било кога. Можеби ви е тешко да замислите дека дезенот на вашиот чаршаф за пикник го носат сите трендсетерки на Instagram, но зарем веќе не се навикнавме дека модниот свет постојано не изненадува?
Доколку сте љубител на ретро стилот од 60-тите, овие карирани мотиви ќе ви бидат познати и ќе ве израдуваат со тоа што се повторно актуелни.

Одлично нешто кај овој дезен е тоа што нема да го среќаваме само кај облеката туку и кај модните додатоци, во секој случај тој изгледа доста ефективно.

Прегледи:
728
Објавено на:
07.09.2020