Навикнати сме Ким Кардашијан на своите деца да им дава необични имиња, меѓутоа се чини дека нејзината сестра Клои, ја засени дури и неа.
Имено, ќерката на Клои која ја доби со кошаркарот Тристан Томпсон, се вика „True“ или во превод од англиски – Вистина.
Таа напиша на својот Инстаграм профил: „Нашето мало девојче, Вистина Томпсон, ги украде нашите срца и сите сме занесени од љубов“, и објави фотографија со многу балони.
Очигледно, Клои помина преку скандалот во кој се најде нејзиниот сопруг Тристан Томпсон, кој беше снимен како се бакнува во клуб, а подоцна и влегува во хотел со една девојка.