Категории

Ким Кардашијан и Емили Ратајковски се соблекоа и направија селфи

Ким Кардашијан го рекреираше голото селфи од неодамна, кој е покрена бура од реакции во јавноста и тоа со топ моделот Емили Ратајковски.

Ким со голото селфи, беше осудувана, напаѓана, вреѓана, а многумина ја подржаа и го поздравија нејзиниот потег. Една од подржувачите беше Емили Ратајковски, која објави и свое голо селфи, со кое искжа подршка на Ким и повика да се почитува жената повеќе.

Овој пат Ким и Емили се здружија во едно селфи, а пораката им е иста.

Дали е овој вистинскиот начин за еманципација на жената, за нешто кое се залагаат овие две убавици, не би дискутирале. Сепак значајно е што се залагаат за тоа жената да се чуствува удобно во своето тело и кожа, да се сака себе си безразлика од пропорциите и да биде почитувана без разлика на нејзините избори, бидејќи пред се телото на жената е нејзино и нејзин е изборот што ќе прави со него, а останатите не треба да осудуваат.