Внимавајте на овие нешта!
Прекумерниот алкохол, недостатокот на сон и нездравата храна можат да направат вашата кожа да изгледа уморно, бледо и дехидрирано. Еве како да ја поправите штетата.
Добра подлога за кожата
кожата која веќе е во добра форма, подобро е опремена да ја поднесе сезоната на забави. Дерматолозите препорачуваат да се држите до редовната рутина на негата на кожата колку што е можно повеќе, користење на хранливи серуми и маски.
Размислувајте за алкохолот кој ќе го конзумирате
Алкохолот е диуретик, така што и вашата кожа брзо ќе стане дехидрирана ако пиете алкохол. Доколку пиете алкохол, не заборавајте да пиете и вода за вашата кожа да не ја изгуби хидратацијата. Слатките коктели и газираните пијалаци не се пријатели на вашата кожа, шеќерот ја зголемува можноста за создавање на брчки и распаѓање на колагенот кој влијае на еластичноста на кожата.
Размислувајте за храната
Брзата храба доцна навечер е примамлива, но имајте на ум дека солената храна може да ја направи вашата кожа дехидрирана и без сјај. Пред да излезете, изедете добар квалитетен оброк богат со овошје и зеленчук и висока содржина на вода, јадете салата и пијте природен сок.
Никако не заборавајте да ја отстраните шминката
Колку и тоа да ви падне тешко во доцните часови, доколку не го направите, горчливо ќе се каете изутрина.
Погрижете се за темните кругови
Темните подуени кругови под очите се еден од знаците кои кожата ги манифестира како последица од мамурлукот. Се препорачува крема за очи која содржи колаген, за кој се верува дека го смалува отокот. Исто така можете да користите и чајни вреќички.