Категории

КЛУЧОТ Е ВО ПЕРСПЕКТИВАТА: Причини поради кои постојано се чувствувате незадоволно

За да ја задржиме позитивната енергија што ни е потребна за да бидеме среќни, треба да направиме мали – големи промени во животот.

Еве три едноставни работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни и позадоволни:

1. Потрага по совршенство
Совршена работа, совршен брак, совршено семејство, совршено тело… сето тоа се цели што ги посакуваме, а кои навистина не постојат. Иако често ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш зелена, тоа е само илузија. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како во филмот, па затоа е важно да не копнеете за совршенство и да уживате во малите нешта.

2. Негативен став
Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се полни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, а мораме да се справиме со нив, па навистина не ви се потребни дополнителни негативни мисли. Следниот пат кога ќе имате негативно мислење за себе, за работата, за партнерот или за некој друг аспект од животот, застанете и обидете се во сето тоа да најдете позитивна страна. Ќе видите дека таа навистина постои.

3. Животот во минатото
Акумулацијата на негативни чувства најчесто е предизвикана од размислување за минатото. Без разлика дали се работи за фразите „барем тогаш“ и „можев“ или страдање поради поранешна врска, работа или начин на живот, животот во минатото секогаш со себе носи негативни чувства на тага, копнеж и разочарување. За да бидете среќни, важно е да го оставите минатото зад себе и да уживате во она што е до вас или што ве чека. Не можете да го промените минатото, сегашноста зависи од вас и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

Прегледи:
357
Објавено на:
26.01.2022