Категории

Кои се најчестите причини за кавга меѓу партнерите?

Дури и паровите кои се долго време заедно се караат за секојдневни работи и тоа е сосема нормално бидејќи кај паровите кои речиси и да не се караат- односот ќе кулминира и ќе има изненадувачки крај.

Типичните кавги низ кои поминуваат паровите обично се за некоја од овие секојдневни теми:

  • Кавга за пари

Многу парови имаат недоразбирања околу начинот на штедење и на што треба да се трошат заработените пари. Меѓутоа, психолозите тврдат дека позади кавгата за пари обично се крие нешто подлабоко. Најчести причини за оваа кавга се различните погледи на партнерите кога се работи за материјалните вредности.
Меѓутоа, секогаш постои начин за смирен договор и разумно вложување на заедничките пари.

  • Кавга за начинот на комуникација

Ако едниот партнер е смирена личност, а другиот е избувлив и темпераментен карактер, може да настане кавга околу начинот на комуникација и изразувањето на емоции. Најдобар начин да се стави крај на овие кавги е да се разговара за истите, меѓутоа кога и двајцата партнери ќе бидат смирени. Треба да се најде адекватен начин за искажување на емоциите.

  • Кавга околу родителите

Секако дека не мора да ви се допаѓаат родителите на партнерот, како што и нему не мора да му се допаѓаат вашите, но морате да ги почитувате бидејќи на тој начин покажувате почит кон својот партнер.

  • Кавга за домашните обврски

Не смеете да му дозволите на партнерот на почетокот од заедничкиот живот да се однесува како домашните обврски да му се далечни и непознати. Мора да ги поделите домашните обврски и секогаш да се договарате за нив, доколку сакате да избегнете непотребна кавга.