Категории

Која тиара ќе ја носи Меган Маркл на венчавката со принцот Хари?

Изборот е голем, но вистинското прашање е дали воопшто ќе носи тиара. 

Свадбата е само за два месеци, а Меган може да избере од повеќе тиари и секоја од нив има своја приказна.

Според медиумите, Spencer Tiara која ја носела Дијана на нејзината свадба во 1981 година е главниот фаворит, но со сигурност нема да ја носи истата тиара како Кејт, бидејќи тиарата Cartier Halo Scroll во тој период ќе биде изложена во Австралија.

Тиарата СПЕНСЕР

Изработена од Garrads во 1930-тите години, таа е дел од семејната историја на Дијана. Ја носела Дијана на нејзината свадба, но ја носеле и нејзините сестри. Сега е во сопственост на нејзиниот брат Ерл Спенсер.

Тиарата CAMBRIDGE LOVER’S KNOT  

Таа е дел од кралската колекција и е еден од фаворитите на Дијана, изработена од бисери и дијаманти во 1914 година од Garrard. Кралицата и ја подарила на Дијана во 1981 година, како свадбен подарок.

   

Strathmore Rose Tiara

И припаѓала на мајката на Кралицата Елизабета Втора, како што може да се види од фотографијата направена во 1920-тите години, каде ја носи пониско, како што било тогаш модерно. Ретко е носена во јавност, Кејт ја има носено само еднаш, на средба со кинескиот претседател во 2015 година.

Не се исклучува можноста Меган да носи тиара дизајнирана специјално за неа, како што е случајот со вереничкиот прстен за кој Хари најми дизајнер да го изработи од дијаманти од накитот на неговата мајка. Секако постои и опцијата Меган да не носи никаква тиара, туку само украс во косата, бидејќи како што знаат сите, тие не се вообичаениот кралски пар.